По дилемите во јавноста

ДИК: Кандидатурата на Оровчанец за советник е регуларна

На прашањето кое МКД.мк го постави до Државната изборна комисија, како е можно Димитар Оровчанец, кој е актуелен советник во Општина Карпош од Нова Алтернатива во коалиција со СДСМ, да биде кандидат на листата за советници за Кисела Вода од редовите на СДСМ, добивме одговор дека тој ги исполнил условите да биде кандидат за советник во Кисела Вода. 

„Во врска со вашето прашање укажуваме дека ОИК Кисела Вода правилно постапила при одлучување на листите на кандидати за советници и ги имала предвид сите документи кои подносителите на листи ги приложиле согласно кои биле исполнети сите услови за наведениот кандидат за советник. Останатите прашања не се во доменот на ДИК и не се регулирани со Изборниот законик, па согласно тоа ДИК воопшто не е надлежна“, се вели во одговорот до МКД.мк на кој чекавме два дена.

Вчера објавивме текст во кој ја поставивме дилемата како е можно иста личност, Димитар Оровчанец, да биде советник во една општина, а кандидат за советник во друга општина. Притоа, ја имавме предвид одредбата од Изборниот законик според која, кандидатот треба да е жител на општината во која се кандидира. Од друга страна, Законот за локална самоуправа регулира дека мандатот на еден советник престанува на денот кога тој ќе стане жител на друга општина. 

Со други зборови, ако Оровчанец станал жител на Кисела Вода, тогаш дилемата беше и дали тој може и натаму да биде советник во Карпош и да учествува во работата на Советот.

Според одговорот од ДИК, може да се заклучи дека Оровчанец сега е жител на Кисела Вода.

Поводот за дилемите беше и реакцијата на некои од учесници на претстојните локални избори, меѓу кои со писмена реакција се огласија од листата Независни за Карпош – За заштита на Карпош. Според нив, станува збор за иста личност, која учествувала неделава во работата на Советот на Карпош. Од оваа листа сметаат дека има „уздуж и попреко“ кршење на закони и дека одлуките кои биле донесени на седницата на Советот на Карпош не се валидни..

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе