ДИК: Кандидатите за советници во Општина Тетово можат да се пријавуваат од денеска до 14 јули

Од денеска во наредните 15 дена, односно заклучно со 14 јули во подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Општина Тетово тече рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово.

Како што информираше на денешната седница членот на ДИК, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите е 15 јули, кога е всушност крајниот рок за доставување на листи на кандидати на сите политички партии или независни листи на кандидати преку собирање на потписи.

Во врска со изборите во општините Маврово и Центар Жупа, од ДИК уште еднаш потсетија дека уште трае јавниот увид.

„Увидот е започнат на 25 јуни и ќе трае до 14 јули, значи 20 дена. Собирањето на потписи пак, за предлагање на листи на кандидати е започнато на 20 јуни, и ќе трае до наредната недела, до 4 јули, исто во подрачните одделенија на ДИК во Гостивар, за Маврово и за Центар Жупа“, кажа Кондарко.

Претходно, на владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности на 21 јуни распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе