ДИК: Избори согласно Изборниот законик, мора да се преработи Избирачкиот список

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) изградиле единствено мислење во врска со продолжување на изборниот процес кое денеска треба да биде доставено до претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според информациите од ДИК на МИА, членовите на Комисијата се состанале вчера по средбата со шефот на државата, и се согласиле дека сите одлуки што треба да се носат во врска со предвремените избори и продолжување на изборниот процес во контекст на мерките за коронавирусот треба да бидат согласно Изборниот законик и постоечките закони.

Комисијата, според информациите на МИА, смета дека Избирачкиот список мора да се преработи во согласност со технологијата за негова обработка, која е опишана во Законот и со точно пропишани рокови.

Членови на ДИК, за МИА потенцираат дека Владата мора да донесе правен акт по кој Комисијата ќе постапува во којшто ќе бидат вклопени и активностите поврзани со Избирачкиот ссписок.

Засега никој од нив не сака официјално да зборува како би се одвивало гласањето. Се чека на мислењето од Комисијата за заразни болести, која треба да изработи протоколи, како и на Владата, но најнапред на одлуката на политичките лидери.

Постоеше дилема какво мислење ќе изгради ДИК, која беше обврзана на тоа од политичките лидери на средбата кај претседателот Пендаровски во вторникот, имајќи ги предвид различните мислења со кои во медиумите изглегоа претседателот на ДИК Оливер Деркоски и членот на Комисијата Борис Кондарко, како и поранешни членови на највисокото изборно тело во државата.

Лидерите на политичките партии на средбата се договорија преку шефот на државата да биде обезбедено мислење за продолжувањето на изборниот процес што би помогнало за одредување датум за одржување на парламентарните избори. На средбата Владата беше задолжена да добе мислење од Комисијата за заразни болести и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кога би можеле да допатуваат во земјата и да се организираат за набљудување на изборите.

Премиерот Оливер Спасовски вчера во Штип имајќи ги предвид мерките за справување со коронавирусот, соопшти дека Владата прави детален протокол како ќе се одвива кампањата на политичките партии на терен, но и како ќе спроведат изборите на денот на гласањето.

„Главно во сите протоколи е дистанцата и носењето на заштитната опрема и тоа е многу важно ако сакаме да ја одржиме состојбата, ваква каква што ја имаме, да имаме тенденција на намалување на инфицираните и од тој аспект ќе биде подготвен детален протокол, како да се однесуваат политичките субјекти, во текот на изборната кампања и за самиот ден на изборите“, вели Спасовски.

Тој очекува дека партиите веќе наредната недела ќе го утврдат и датумот на предвремените парламентарни избори. Повтори дека приоритет е здравјето на граѓаните, но дека исто така е добро што поскоро да имаме избори, за да имаме функционални институции. 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе