ДИК и НДИ во посета на Дебар, Охрид и Ново Село

Претставници на Државната изборна комисија (ДИК) во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) денеска ќе ги посети општинските изборни комисии во Дебар, Охрид и Ново Село каде ќе оствари средби со кандидатите за градоначалници на овие општини или со нивните овластени претставници.

Според најавите, претпладне претседателот на ДИК Оливер Дерковски заедно со потпретседателката Дитмире Шеху и членот на ДИК Енвер Салихи, како и со директорот на НДИ Крис Хеншоу ќе ја посетат општинската изборна комисија во Дебар каде ќе се сретнат со овластените претставници на кандидатите за градоначалник, а попладне ќе ја посетат општинската изборна комисија во Охрид каде ќе се сретнат со кандидатите за градоначалник.

Членовите на ДИК Елизабета Постоловска и Јанаќе Витановски и генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев, заедно со претставник од НДИ денеска претпладне ќе ја посетат ОИК Ново Село и ќе остварат средба со кандидатите за градоначалник.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе