Оценето како беспредметно

ДИК го отфрли барањето на Чулев за решението за новиот началник на СВР Тетово

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го отфрли доставеното барање за мислење на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за поништувањето на владиното решение за назначување на нов началник на СВР Тетово и објави дека тоа е во надлежност на Државната комисија за спречиување на корупција (ДКСК).

Чулев поднесе барање за оценка на ДИК за законитост на акт во врска со поништувањето на Решението за именување на Гоце Јанкулоски на работното место началник на СВР Тетово, а како што беше појаснето на седницата, се работи за правен однос меѓу Владата и техничкиот министер за што ДИК нема законски овластувања да постапува.

На седницата беше кажано дека за ваквите барања кои се однесуваат на „забрани за именување и разрешување за време на распишани избори” е надлежна ДКСК.

„Односот меѓу министерот и Владата која постапува изрично за тоа дали некоја одлука е законска или не е, не е во надлежност на ДИК. Во однос на содржината на прашањето поставено за потреба од носење решенија за именување, ова прашање кое произлегува од барањето на министерот е неосновано и не навлегува во нашите надлежности”, велат од ДИК.

Оттаму апелираат министрите и замениците министри да ги почитуваат членовите од Законот за Влада и да не поднесуваат вакви барања кои се беспредметни.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе