Претседателски избори 2019

ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми

Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива тековно и без никакови проблеми. Сите гласачки места се отворени, а изборниот материјал навреме е доставен, изјавија од ДИК.

„Освен во САД поради временската разлика, сите гласачки места во амбасадите на Северна Македонија се отворени на време и гласањето се одвива непрекинато”, појаснуваат од ДИК.

Денеска, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе