Предвремени парламентарни избори

ДИК: Гласачките ливчиња од болните од ковид-19 и тие во самоизолација ќе се бројат утре, заедно со другите

Државната изборна комисија (ДИК) ги оцени како шпекулации информациите што се појавија вчера, а се однесуваа на наводни резултати од гласањето на лицата позитивни на ковид-19 и во самоизолација.

Портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, денеска на прес-конференција рече дека постапката за броење на овие гласачки ливчиња ќе биде заедно со останатите по завршувањето на гласањето во среда.

„Овие гласачки ливчиња се враќаат во кутијата на Основниот избирачки одбор без да се отворат и да се извадат од пликото. Истата таа кутија се користи и денеска доколку Избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето на 15 јули. Истите тие ливчиња се вадат од пликоата и се спуштаат во гласачката кутија без да се провери за кого е гласано. Тие гласачки ливчиња се мешаат со сите останати гласачки ливчиња на 15 јули кога гласаат сите останати гласачи, така што резултатите од сите ќе бидат прикажани кога ќе заврши гласањето во среда“, објасни Шабани.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе