ДИК ги запре сите активности поврзани со изборите

Државната изборна комисија на денешната седница ги запре сите активности поврзани со изборите кои беа закажани на 5 јуни, се до конечната одлука на Уставниот суд.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски рече дека треба да се запрат и сите понатамошни дејствија и активности на општинските изборни комисии и  да се задолжат до ДИК  да достават извештај за работа и финансиски извештај за периодот од нивниот избор до 18 мај 2016 година. 

„Предлагам да се донесе заклучок да се запрат и сите понатамошни дејствија и активности во насока на спроведување на предвремените парламентарни избори што требаше да се оддржат на 5 јуни 2016 година, а кои требаше да ги преземат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски  услуги, Државната комисија за спречување  на корупција, Државниот завод за статистика  и Државниот завод за ревизија“, рече Чичаковски.

Според  Субхи Јакупи, Комисијата ќе продолжи со активностите кои одат во насока на секојдневна работа што е надлежност на ДИК.

„Како што почнавме и стигнавме до прочистување на Избирачкиот список, мислам дека и понатаму треба да продолжиме со тие активности“, изјави тој.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе