ДИК ги повика граѓаните сами да ги проверат податоците за навремено да се исчисти Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) апелира до граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август. Оттаму велат дека промените во Избирачкиот список може да се направат само со поднесување соодветна документација. 

„Единствен начин за да се решат проблемите е постојано ажурирање на Избирачкиот список. ДИК во соработка со МВР и со Државниот завод за статистика ќе мора постојано да ги ажурира ваквите промени, а апелираме до граѓаните, бидејќи тие најчесто ги прават промените постојано, како менување на брачен статус, пријавување и одјавување во државјанство... тие се појавите што најчесто претставуваат проблем. Лицата имаат законска обврска во рок од 15 дена да ја пријават промената, меѓутоа сите ние вклучувајќи ме и мене и вас не го правиме тоа навремено”, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Во врска со случаите со повеќе лица на иста адреса, од Комисијата велат дека има постапки што најверојатно сѐ уште е во тек во МВР и дека потоа треба да донесе решение за да може тие лица да бидат отстранети од Избирачкиот список. 

Членот на ДИК, Јанакие Витановски на денешната седница на Комисијата појасни дека доколку во Избирачкиот список има починати лица членовите на нивното семејство треба да се упатат во подрачните канцеларии на ДИК и со умреница да докажат дека тоа лице е починато за да се тргне од Избирачкиот список. Исто така, укажа дека има многу граѓани кои не ги смениле своите адреси при промена живеалиштето...  

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список подрачните единици на ДИК и на целата земја проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата. 

До денеска околу пладне 158 иселеници се пријавиле за изјаснување на референдумот за името во ДКП. Најмногу од нив по 14 се пријавиле во ДКП во Виена, Лондон, Торонто и Љубљана, додека во Берн, Швајцарија се пријавиле 12 државјани на Република Македонија кои живеат во странство.  

Членот на ДИК , Елизабета Апостолска укажа дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да да гласа во Македонија доколку допатува во земјата. 

За дилемите во јавноста кој сѐ може да се вклучи во јавната пропаганда освен Собранието како овластен предлагач, Дерковски  рече дека станува збор за референдум, а не за изборен процес и оти не треба да се прави аналогија. Па така, јавна пропаганда може да имаат и Владата, и невладините организации и други заинтересирани субјекти. Притоа, тие треба да внимаваат на начинот на финансирање на кампањата.  

Инаку, ДИк имала состанок со МВР и со Управата за извршување на санкции за да се реши проблемот со личните документи на затворениците, кои на изборите не можеа да гласаат поради проблеми токму со личните документи.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе