Предвремени локални избори

ДИК ги објави конечните резултати: Сашко Николов освои 11.477 гласови, вториот 1.179

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од гласањето за градоначалник на изборите во Штип, што се одржаа на 13 декември. На гласањето на предвремените избори за градоначалник на Штип победи Сашко Николов од СДСМ и коалицијата со 11.477 гласа.

Кандидатот на Интегра Симон Поликарп освоил 1.179 гласови, на ТМРО Лазар Наумов 282, на коалицијата Иднина во нашите раце Гоце Ангелов 267, независниот каднидат Трајчо Митев 280.

Право на глас на предвремените избори во Штип имаа 41,777 гласачи. Правото на глас го искористиле 14.301 гласач, неупотребени биле 26.845 ливчиња, важечки 13.485, а неважечки 816 гласачки ливчиња.

На 13 декември за градоначалник освен во Штип се гласаше и во Пласница. Тука најмногу гласови 1.696 освои кандидатот на ДУИ Алија Јаоски.

Николов и Јаоски ќе бидат градоначалници на Штип и Пласница до одржувањето на локалните избори во 2021 година.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе