Претседателски избори 2019

ДИК: До десет часот гласале 6,05 отсто од избирачите

Државната изборна комисија на првата прес-конференција денеска информираше дека според добиените податоци  од 75,38 отсто од избирачките места, до 10 часот гласале 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто од избирачите. 

Највисока излезност има во Прилеп 11,05 отсто, Свети Николе 11,48 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Македонски Брод 10,11.

Најмала излезност има во Боговиње, 1,79 отсто, Липково 0,9 отсто, Долнени 1,85 отсто и Желино 1,82 отсто, соопштија од ДИК.

Гласањето во село Студеничани се уште не е почнато, бидејќи одговорното лице кое требало да ја отклучи просторијата каде треба да се гласа, тоа одбивало да го стори и поради тоа од ДИК соопштија дека тука, односно на избирачкото место 2344 гласање воопшто нема да има.

Во Боговиње, пак, почетокот на гласањето доцнело еден час и во моментов тоа трае, и според законот ќе биде продолжено за онолку време за колку што доцни отворањето.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе