Предвремени парламентарни избори

ДИК: До 11 часот најголема е излезноста во ИЕ 1, најмала во ИЕ 6

Излезноста до 11 часот на ниво на цела Македонија е 13,6 отсто, покажуваат податоците на веб страницата на Државната изборна комисија.

Според податоците на ДИК, највисока е излезноста во Изборната единица 1, 16,56 отсто, во ИЕ 4 - 16,41 отсто, во ИЕ 3 - 15,96 %... Најниска е излезноста во Изборната единица 6 - 7,63 %.

До 11 часот на гласање излегле199.495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во шест изборни единици. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе