Предвремени парламентарни избори

ДИК денеска ќе спроведе „вежба“ на безбедно гласање

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе спроведе симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки. Во симулацијата што ќе се спроведе на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“,ќе биде опфатен целиот избирачки процес во реални услови.

Членот на ДИК, Борис Кондарко вчера најави дека симулацијата ќе опфаќа доаѓање на граѓаните на избирачкото место, чекање, потоа влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, сѐ што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи.

На настанот се поканети медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, меѓу кои и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, претставниции на Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Поканети се и учесниците на изборите односно политичките партии.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе