Предвремени парламентарни избори

ДИК: Денеска гласаат 706 избирачи позитивни на ковид-19 или во самоизолација

Вкупно 706 избирачи кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација ќе можат денеска да гласаат на предвремените парламентарни избори и ќе бидат посетени од страна на Посебните избирачки одбори на адресите кои ги пријавиле, информираше ДИК на првата прес-конференција за изборите.

Утре е предвидено гласање на болните и немоќни лица, на лицата кои се во казнено-поправни установи, во центрите за вонсемејна грижа и внатрешно раселените лица. Како што информираше портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, за гласање во казнено-поправните установи има пријавено 1.657 лица, внатрешно раселени се 6 избирани, болни и немоќни и во куќен притвор има 8.852 пријавени избирачи, а во 17-те центри за вонсемејна грижа за гласање се пријавиле 357 избирачи.

Шабани ги потсети гласачите дека согласно Изборниот законик и Упатството од ДИК, треба да се заокружува редниот број пред подносителот на листата и не смее да има ниту еден друг знак, бидејќи гласачкото ливче ќе биде неважечко.
Што се однесува до изборните материјали кои ги има во близина на гласачките места, тој рече дека до среда, на денот на изборите има време да се отстранат.

Изборниот процес ќе го набљудуваат повеќе домашни и странски набљудувачи, До ДИК, според Шабани, има вкупно 2.508 акредитации за домашни набљудувачи, 96 странски, 56 преведувачи и 55 странски новинари.

Тој информираше дека за коментари и препораки од граѓаните, но и за други прашања активен е бесплатниот телефон 080055544, за комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор активен е телефонот 076488360 со видео повик, а ќе се користи и веб страната на ДИК, како и социјалните мрежи и Јутјуб каналот на Комисијата.  

На овие избори право на глас имаат 1.814.263 гласачи.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе