На 13 април 2014

Дијаспората првпат ќе избира претседател: во Македонија ќе се гласа на 3.528 места и на 47 во странство

Македонските иселеници, кои првпат ќе учествуваат во изборот на претседател на државата, на 12 април годинава, ден пред изборите ќе гласаат на 47 избирачки места.

Официјално, според податоците на МВР, 68.704 македонски граѓани се надвор од земјава повеќе од една година што би можеле да го искористат правото на глас. Но со оглед на тоа што во неофицијалните анализи се споменува бројка од околу 300.000 граѓани што ја напуштиле земјава, неизвесен е бројот на избирачите од дијаспората што би можеле да го дадат својот глас на претседателските избори.

Како што велат во Државната изборна комисија (ДИК), предвидено е да се гласа на вкупно 3.528 избирачки места, од кои 3.480 се само во Македонија и едно гласачко место во ДИК, каде што е предвидено гласањето за членовите на избирачките одбори. Во избирачките одбори ќе бидат ангажирани по двајца членови по случаен избор од јавната и од државната администрација и другите се по предлог на политичките партии. Изборните математики велат дека само претседателските избори би можеле да чинат и повеќе од четири милиони евра, колку што се предвидени во буџетот.

Што се однесува на безбедносниот аспект на изборите, министерката Гордана Јанкулоска минатата недела изјави дека МВР ќе ги преземе сите мерки предвидени со законот за да обезбеди мирно и регуларно гласање. Јанкулоска упати повик и до управните служби да покажат поголема ефикасност во издавањето на личните документи што на граѓаните им се потребни за остварување на избирачкото право. Сите служби, како и на локалните избори ќе работат и на самиот ден на изборите.

Јанкулоска ги повика и полициските службеници доследно да го почитуваат членот 128 од Законот за внатрешни работи според кој полицајците надвор од работното време не треба да се ставаат во функција на ниедна политичка партија или да наседнуваат на какви било провокации на партиски активисти. Оние полицајци што нема да го почитуваат законот ќе одговараат пред дисциплинска комисија. МВР сè уште не ја соопштува официјалната бројка на ангажираните полициски службеници на претседателските избори, но познато е дека за време на предвремените парламентарни избори во одржувањето на редот и мирот учествуваа околу 7.000 полицајци.

С.М.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе