Бугарскиот професор за настанот во Битола

Дичев: Нашите „владетели“ не знаат каде одат, а решението на глупавиот спор се оддалечува уште повеќе

Бугарските владини претставници во саботата беа радосни што биле дел од отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола и што се сликаа под неговото име, но дел од бугарските интелектуалци не се согласуваат со таквиот потег. Професорот по културна антропологија на Софискиот универзитет, Ивајло Дичев, во изјава за МКД.мк вели дека нивните владини претставници „не знаат каде одат“.

„Не знам што да кажам, нашите владетели јавно не знаат каде одат, а можеби не ја знаат доволно ни улогата на Ванчо Михајлов пред чие име се сликаа. Кај нас ги покажаа само оние плакати на кои што се обвинуваат Бугарите дека им се крвави рацете. Со ова решението на глупавиот спор се оддалечува уште повеќе, а сите наши фундаменталисти го кажаа и го нагласија тоа“, ни изјави Дичев, коментирајќи го присуството на бугарските владини претставници во Битола.

Тој предлага и решение за тоа кои биле Бугарите во времето на Втората светска војна. „Историската формула треба да е следна: тогашната бугарска влада била соучесник на Хитлер, но обичните бугарски војници верувале дека ја ослободуваат Македонија. Нешто во тој дух кој што ѝ овозможува на современа Бугарија да го зачува достоинството“, вели Дичев.

Тој се согласува дека можниот компромис до решение е да се гарантираат правата на Бугарите во Македонија, иако, како што вели, не разбира што значи тоа и на какви дискриминации се подложени.

„Минатото треба да се остави на мир, можниот компромис е да се гарантираат правата на Бугарите во Република Северна Македонија. Но, што значи тоа и на какви дискриминации се подложени, не разбирам. Нека си кажат што точно сакаат, па Европската Унија нека проверува. Нивното споменување во Уставот како уставотворен народ нема никому да му пречи, тоа ќе биде симболичен гест кој што ќе помогне да се дојде до решение“, рече Дичев во изјавата за МКД.мк.

Ж.П.Б.

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе