Претставникот на ОБСЕ

Дезир: Стабилно финансирање и независна уредувачка политика на МРТВ

ОБСЕ ја поздравува одлуката на Владата да стави крај на механизмот на претходната влада преку кој се трошеа пари за реклами во приватните медиуми и смета дека Владата треба да го финансира јавниот радиодифузер и да бара начин на поддршка на приватните медиумски куќи, особено на печатените медиуми, изјави претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Харлем Дезир по средбата со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Според Дезир, новиот закон ќе ги потисне субвенциите со кои порано медиумските куќи се ставаа под контрола и ќе овозможи слободно работење и на регулаторната агенција за да се овозможи слободно поле на работа на медиумите.

„Имаше многу силен комерцијален механизам преку кој многу големи средства се трошеа на реклами кај одредени медиуми. Фактички тоа беше вршење притисок на медиумите затоа што на тој начин нивните ресурси зависеа од таквиот однос. Тоа се ресурси кои не се стабилни и зависат од месец на месец од тоа како ќе одлучат институциите на државата да ја тераат рекламната кампања. Тоа доведе да имаме медиуми кои не би преживеале без тоа, со што всушност дојде до посилна контрола од Владата врз медиумите. Мислам дека беше многу мудра одлуката да се стави крај на тој механизам. Владата треба да го финансира јавниот радиодифузер и треба да бара други начини на поддршка на приватните медиумски куќи и таквата одлука на Владата треба да ја пофалиме“, рече Дезир. 

Меѓу сугестиите од ОБСЕ, кои се прифатени во нацрт верзијата на Законот и објавени на ЕНЕР за коментари, се обезбедувањето стабилност и финансирање на јавниот радиодифузер и квалитет и професионализам на јавниот радиодифузер на четирите канали и работата на повеќе јазици. 

„Многу е важно  да се погрижиме дека јавниот радиодифузер ќе ја задржи својата независност и ќе ја задржи независноста на уредничката политика и на новинарите“, смета Дезир.

Според него, важно прашање е и безбедноста на новинарите пред органите на власта, особено кога работат на истражувачки стории и корупција и особено што во минатото имало примери кога биле ставани во затвор.

„Треба да се погрижиме дека тој што ќе го направи тоа нема да помине неказнето“, рече претставникот на ОБСЕ.

Според министерот Манчевски, треба да се креира закон што ќе биде резултат на широка јавна дискусија во коај ќе бидат вклучени новинарските здруженија, медиумите, организациите на граѓанското општество и други.

Дезир престојува во дводневна посета на Македонија, а ќе се сретне и со невладиниот сектор, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе има средби во Собранието, во Владата, со претставници од јавниот радиодифузер, како и  новинската агенција МИА.

По завршување на времето за коментари на ЕНЕР повторно предлог-законот ќе биде испратен до ОБСЕ од каде ќе се добијат завршни коментари и потоа јавно ќе биде претставена.

Фото: МИА

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе