Анкета: „Хибридните закани како нов предизвик“

Дезинформациите се нов начин на војување, смета мнозинството македонски граѓани

Над 80 отсто од граѓаните на Македонија ги сметаат дезинформациите како закана и како нов начин на војување против државата, се наведува во истражувањето што е спроведено на над илјада граѓани за потребите на Регионалниот совет за соработка (РСС), и е објавено на новата дигитална алатка Секјуриметар за Западен Балкан.

Истражувањето, како што се наведува, покажало дека 54 отсто од граѓаните во целост се согласуваат со прашањето „дали сметате дека дезинформациите се нов начин на војување на државни или недржавни чинители против вашата земја", додека 28 отсто рекле дека се блиску да се согласат во целост со таквото тврдење. На ниво на Западен Балкан, вкупната бројка која ги смета дезинформациите за опасни и за закана, изнесува 75 отсто.

Во делот од истражувањето наречен „Хибридните закани како нов предизвик", 75 отсто од граѓаните веруваат дека лажните вести се закана за демократијата генерално, а дека најмногу влијаат во (не) довербата кон јавните институции, потоа кон избраните политичари, врз финансиите и економијата и врз здравството.

На прашањето „кој треба да се справувува со дезинформациите", граѓаните од земјава веруваат дека на прво место тоа треба да го сторат самите социјални мрежи, потоа новинарите и оние што ги водат печатените и електронските медиуми, се посочува во соопштението.

Истражувањето го спровела агенцијата Индаго врз 6000 граѓани од Западен Балкан во периодот од јануари и февруари 2021 година. Со истражувањето се одразува мислењето на граѓаните на Западен Балкан за цел сет безбедносни прашања, од тероризмот, организираниот криминал, мигранти, радикализација на интернет, хибридни војни, и друго.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе