„Детектор”: Граѓаните ќе одат на гласање ако здравствените власти дадат зелено светло за избори

Речиси 70 отсто од граѓаните ќе излезат на гласање на парламентарните избори доколку здравствените власти дадат зелено светло за тоа. Тие нема да се чуствуваат безбедно доколку тоа биде само со повик од политичарите, покажуваат резултатите од истражувањето што го објави „Детектор”, а го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. 

Фото: Роберт Атанасовски

Истражувањето покажува дека ако надлежните здравствени власти дадат зелено светло за избори, на гласање се изјасниле дека ќе излезат 69,6 отсто од граѓаните, додека 19 отсто велат дека нема да се појават пред гласачките кутии.

Само со повик од политичарите да се излезе на гласање, мнозинството граѓани велат дека не се чувствуваат безбедно за да учествуваат на изборите, 38,9 отсто од граѓаните велат дека доколку политичките лидери изјават дека кризата е завршена и повикаат на гласање, тие нема да се чувствуваат безбедни да гласаат, додека 37,5 отсто велат дека ќе се појават на гласачките места.

Доколку рестриктивните мерки за социјална дистанца, носење маски и ракавици сѐ уште се на сила, на гласање велат дека ќе излезат 45,7 отсто од анкетираните, додека 33,7 отсто велат дека нема да гласаат.

Доколку биде потребно подолго да се чека пред гласачките места согласно препораките за социјална дистанца, над една третина или 39,3 отсто од граѓаните велат дека воопшто нема да гласаат, додека 42,9 отсто велат дека ќе излезат на избори.Три четвртини од анкетираните или 76,3 отсто велат дека на следните избори, државата треба да обезбеди маски, ракавици и пенкала за гласање, додека 15 отсто сметаат дека нема потреба за тоа.

Најголемиот дел од граѓаните или 24,2 отсто сметаат дека изборите треба да се одржат во септември, додека 22,8 отсто се на ставот дека избори треба да има после септември. Најмал е процентот на граѓани кои сметаат дека изборите треба да се одржат во јуни. Ваков став имаат 15,1 отсто од анкетираните. За избори во јули се 17,6 отсто, а за изборен датум во август, 15,8 отсто од анкетираните.

Доколку изборите се одржат на крајот на јуни или првата половина на јули, на гласање велат дека ќе излезат 48,2 отсто од анкетираните додека 35,1 отсто велат дека нема да гласаат. Ова е значително намалување во однос на тоа колкумина од граѓаните биле подготвени да гласаат пред корона кризата. Според резултатите од истражувањето,74,7 отсто од анкетираните изјавиле дека пред корона кризата планирале да гласаат на парламентарните избори, додека само 18,1 отсто планирале да апстинираат.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе