По трагедијата во Бугарија

Детална истрага и кривична одговорност за секој што учествувал во недозволени дејствија, бара Спасовски

„Шпекулациите во јавноста за туби со бензин, пиротехника и така натаму, само штетат на истрагата, не помагаат. Според моите сознанија, коишто ги имам, воопшто не станува збор за туби со бензин коишто можат да бидат причина за несреќата“, истакна денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за бугарската БТВ. Тој додава дека е потребна детална истрага и кривична одговорност за секој еден кој учествувал во вакви дејствија. 

Тој додаде дека длабоко верува во истражните органи на Бугарија.

„Оставаме истрагата да ги утврди сите факти и секако најрелеватните податоци треба да дојдат од државните органи на Бугарија. Ние треба да ја утврдиме причината за сообраќајната незгода, дали е тоа од човечки фактор или е некаков технички пропуст на возилото“, наведе Спасовски.

Министерот Спасовски посочи дека Царинската управа вчера презема активности во однос на расчистување на постапките, при што двајца цариници се суспендирани и спроведена е дисциплинска одговорност за раководителот.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе