„Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши сограѓани да достават свои предлози за тоа каков заменик на претседател, генерален секретар и потпретседатели ни се потребни. Какви особини, карактер, биографија треба да имаат. На СДСМ и на државата не ѐ требаат готови, туку чесни и успешни кадровски решенија”, порача Деспотовски.
На официјалниот Фејсбук профил Деспотовски напиша: „Започнуваме со практична реализација на еден од основните столбови на #Концепт28. Лојалност кон луѓето, не кон лидерот”.
Еден од главните принципи на програмата „Концепт 28” на Деспотовски е воведување директен избор на претседатели на општинска организација, кандидати за градоначалници, пратеници и повисоки партиски функции преку непосредно гласање на членовите.