Десничари, националисти и Златна зора во Солун на протест бараат поништување на Договорот од Преспа

Членови на десничарски и националистички организации, членови на грчките здруженија од дијаспората, како и членови на Златна зора, меѓу кои и поранешниот пратеник Илиас Касидиарис се собраа кај споменикот на Александар Велики во Солун во знак на протест против Договорот од Преспа и со слогани и плакати бараат негово поништување.

Конкретниот протест, како и останатите неколку собири во Солун се во исто време со свеченото отворање на 84-от Меѓународен саем, а започнаа непосредно пред обраќањето на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jавува МИА од Атина.

Според дел од солунските медиуми, кусо пред почетокот на собирот против Договорот од Преспа, полицијата превентивно привела околу 30 лица.

„Македонија значи Грција”, „Договорот од Преспа се поништува”, „Поништување на предавничкиот лажен договор, веднаш”, „Македонија почва грчка”, се дел од слоганите испишани на плакатите на протестот на оние кои што се собраа против договорот меѓу двете земји.

Солун е под силно полициско обезбедување, ангажирани се над 3.000 полицајци, полициски хеликоптер, како и две цистерни со вода за да се спречат какви било инциденти со оглед на тоа дека беа закажани најмалку пет протести.

Локалните медиуми објавија дека тензично било на еден од влезовите на саемот, кога членови на левичарската партија АНТАРСИА се обиделе насилно да ја пробијат заштитна ограда и да стигнат во дворот, по што полицијата интервенирала со солзавец.

Заедно со анархистичките здруженија и организации, оваа година прв пат протестираа и членовите на „Рубикон", анархистичката група што стои зад низа напади со бои на амбасади, компании, но и на грчкиот Парламент.

Посебни протести одржаа, од една страна, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор, а од друга страна синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.

МИА

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе