Десковска: Лошо е со закон да прекинуваме постапки или истраги

Во моментов се дебатира околу трет текст за законот за јавно обвинителство, а клучниот камен на сопнување со ВМРО-ДПМНЕ е нивното барање да се отстрани надлежноста за гонење кивични дела почнати од СЈО, рече министерката за правда Рената Десковска во вечерашното гостување на „Топ тема".

При креирањето на законот, нагласи Десковска, се дебатира околу трансферирањето на надлежностите, а не на предметите.

Во текстот, сé што било надлежност останува на судот да одлучува. Всушност, ја префрламе топката за законитост на постапување или за користење докази на судовите. Но, и ова не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Ме плаши дека сакаат да се затворат одредени прашања, да се напише дали одредени докази важат или не и тука не можеме да најдеме заедничка точка. Лошо е со закон да прекинуваме некои постапки или истраги, истакна министерката.

Проблемот всушност се врти, додаде, околу тоа дали законот ќе обебзеди континуитет на предметите или ќе наложи нивно запирање.

Не мислам дека изборот на обвинител е клучниот проблем. Внимателно го слушав Мицковски на последната прес-конференција. Првите осум забелешки што ги кажа не се нешто многу страшно, нешто што прави расцеп. Клучната разлика е во деветата забелешка со која се бара да се отстрани надлежноста за гонење кивични дела почнати од СЈО, потенцира Десковска.

Текстот за кој, според Десковска, СДСМ нема никаков проблем со коалицискиот партнер, предвидува зголемен број на обвинители, на конкурс да може да се јави секој обвинител што исполнува услови, а Советот на јавни обвинители да ги избира.

Во врска со утрешната јавна дебата за законот во Собранието, Десковска рече дека очекува конструктивни мислења и предлози од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не повторување ставови и кочење на носењето на законот. – Но, ќе видиме. Со ВМРО-ДПМНЕ на јавна дебата не можете никогаш да го предвидите однесувањето, рече министерката Десковска.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе