Видео-конференција на ОБСЕ

Дескоска: За спречување и откривање на корупцијата треба ефикасна меѓународна соработка

Корупцијата не познава граници, но истите се користат за прикривање на нелегално стекнатата корист. Поради тоа, неопходна е ефикасна меѓународна соработка за спречување и откривање на корупцијата, порача министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето на денешната видео-конференција на ОБСЕ, „Добро владеење и борба против корупцијата во дигиталната ера: Зајакнување на принципите на транспарентноста, интегритетот и одговорноста“, одржана под покровителство на албанското претседателство.

„Кога станува збор за меѓународната соработка, Република Северна Македонија е потписник на сите меѓународни конвенции од областа – како оние од Советот на Европа така и на Обединетите нации. Сепак, покрај усогласеноста на домашното законодавство со меѓународните стандарди, потребна е подобра регионална и меѓународна соработка за справување со организираниот криминал и корупција“, рече Дескоска.

Во однос на билатералните договори за екстрадиција, таа нагласи дека во последно време во билатералните договори се предвидува и можност за екстрадиција на сопствените државјани и во сите недвосмислено е наведено дека „екстрадиција на сопствени државјани се дозволува за дела од областа на организираниот криминал, корупција и перење пари“.

Дескоска информираше и дека со новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, донесен во јануари 2019 година, проширени се и надлежностите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и со надлежноста да разменува информации со надлежни тела на други држави и меѓународни организации, врз основа на обврски преземени со меѓународни договори ратификувани согласно со Уставот.

„На предлог на Министерството за правда, во декември 2019 година, Владата ја прифати информацијата за потпишување на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба, подготвен во рамки на активности организирани од Регионалната анти-корупциска иницијатива (РАИ). Со ратификацијата на овој договор, ДКСК ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји. За потпишување на овој договор, Владата го овласти претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата“, рече Дескоска.

Во поглед на статистичките податоци, таа изјави дека во Министерството за правда во 2018 година, регистрирани се 33 предмети кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, од тоа скоро сите односно 27 предмети биле по барање на Република Северна Македонија. Во 2019 година, бројката е 28 предмети, од кои 25 на барање на Република Северна Македонија, а во првата половина на 2020 – 16 предмети од кои 14 предмети по барање на Република Северна Македонија. Од сите овие предмети завршени се само 13, додека, пак, сите преостанати чекаат завршница.

Според неа, податоците за мала држава како Македонија се сепак високи бројки и дека од една страна не е добро што имаме толку предмети на корупција, но од друга страна е добро што за тие предмети се водат истраги и активно се постапува.

Дескоска нагласи и дека во Законот за меѓународна соработка во кривична материја се воочени одредени слабости во делот на формирањето на заедничките истражни тимови и подготвени се нови законски решенија. Со нив, договорот за формирање на заеднички истражен тим во име на државата ќе го склучува Јавниот обвинител на Република Северна Македонија или јавен обвинител овластен од него. Со вака поставена одредба се елиминира секаква можност извршната власт да има какво било влијание кај обвинителите за формирање на заеднички истражен тим.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе