Дескоска: Ветингот не е лесен процес, мора да се изврши транспарентно и професионално

Мора да се бараат начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството. Корумпиран судија на сите прави штета, подобро е да го нема, отколку да го заразува здравото ткиво. Ветингот не е лесен процес и тој треба да се изврши транспарентно и професионално, изјави министерката правда Рената Дескоска во однос на ветингот на судиите во вечерашната емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

„Ако не се променат самите, ако не профункциираат органите, како Судскиот совет, Советот на судии и јавни обвинители, мора да бараме начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството. Ние им ги дадовме сите механизми што ги има во ЕУ за да ги спроведуваат. Ако не реагираат, тогаш ќе мора да одиме со вонредни мерки“, вели Дескоска.

Рече дека ветингот е вонредна мерка што се спроведува одреден временски период, и тие судии ќе мора да поминат на целосна проверка – врски, влијанија, имот, и сето тоа, како што рече, е нешто што се испитува во една постапка и не е лесна процедура. Во Албанија, додаде таа, голем дел од судиите се откажаа пред да им се направи ветинг.

„Корумпиран судија на сите прави штета, подобро е да го нема отколку да го заразува здравото ткиво, подобро сто, двеста квалитетни, отколку 300 неквалитетни кои прават поголема штета. Ветингот е процес што треба да има согласност со двотретинско мнозинство, да изградиме кредибилиен процес. Нас ни треба процес во кој сите ќе веруваат дека се врши транспарентно, професионално. Мој предлог е во таа ветинг комисија да учестуваат претставници на европски институции, со цел да се задржи довербата во тој процес“, рече таа.

Дескоска смета дека тест за судскиот систем и за правната држава се сите процеси што се водат пред судовите и оти тие заедно со јавните обвинителства во рацете го држат напредокот на земјава кон ЕУ.

„Нам ни треба неселективна правда за било кого. Дали за случаите кои ги почна СЈО за поранешни функционери, а сега ги води редовното обвинителство, дали за случаите кои ги почнува сега обвинителството против актуелни носители на функции или поранешни обвинители, дали во случаите против било кој граѓанин, нам ни треба неселективна правда буквално за секој. Мојот апел и заложба кон судството и обвинителството, во рамки на моите надлежности без да се смета за мешање во нивната работа, е дека буквално во сите случаи треба да ги интересира единствено законот фактите и да се водат само од доказите што ги имаат, а не да паѓаат под влијание“, рече Дескоска.

Таа вели дека Министерството за правда донело одлична законска рамка за независно судство и обвинителство. Спроведувањето на законите сега е работа на судовите .

„Одговорноста за натамошниот напредок кон ЕУ е во рацете на судовите и јавните обвинители за тоа мора да бидат свесни. Тие во нивни раце имаат историска одговорност дали ќе одиме напред кон ЕУ или ќе ја прокоцкаат шансата“, рече министерката.

Запрашана за СМС пораката која обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска ја испрати до судиите на Апелацискиот суд, рече дека функцијата не ѝ дозволува да ја коментира.

„За жал функцијата мене не ми дозволува да ги коментирам одлуките на судиите и обвинителите, како и нивните коментари, но треба да имаат дијалог за спроведување на правдата. Она што е отворено како сомневање во надлежност на Јавното обвинителство е да се испита и процесира, нема потреба ние тоа како Министерство за правда да го коментираме. Ако има сомневања за криминал и корупција, мора да се процесира“, нагласи министерката Дескоска. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе