Министерката за правда објаснува

Дескоска: Уредбите со законска сила важат и по вонредната состојба

Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да регулираат мерки кои ќе имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба, објасни денеска министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска.

Дескоска во објавата на Фејсбук напиша дека „Уставниот суд веќе се изјасни за времетраењето на уредбите со законска сила“.

„Одлучувајќи да ја отфрли иницијативата за Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, Уставниот суд оправдано прифати дека не е неуставно уредбите со законска сила да може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да регулираат мерки кои ќе имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба. Ваквиот став на Уставниот суд е особено значаен за многу од мерките кои беа преземени за справување, особено со економските последици од епидемијата со ковид-19, бидејќи е јасно дека е неопходно тие да имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба се до свикување на Собранието кое ќе може овие прашања да ги регулира со свои акти.

Исто така, со Решението У.бр42/2020, Уставниот суд се изјасни и по однос на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес и одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста. Уставниот суд вели: ‘Очигледно е дека продолжувањето на мандатот на членовите на Државната изборна комисија се протега на период по завршување на вонредната состојба, но тоа е во согласност со целта заради која е донесена оваа мерка – непречено спроведување на предвремените избори за пратеници по престанокот на вонредната состојба, поради што има свое оправдување кое нема основ уставно-правно да се проблематизира’.

Продолженото времетраење на правното дејство на уредбите со законска сила и по завршувањето на вонредната состојба е во случаи кога со тие акти се уредува материја која е тесно поврзана со причината која предизвикала настанување на вонредната состојба и ако е соодветна мерката, како и ако уредбата со законска сила не ‘затвора’ некој правен однос настан пред прогласувањето на вонредната состојба.

Мандатот на ДИК продолжува, матурантите може да бидат мирни – врз основа на уредбата ќе се запишат во септември на факултет без матурски испит, а оние кои примаат парична помош врз основа на уредба – ќе продолжат да ја примаат и понатаму“, пишува Дескоска.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе