Дескоска порача дека изборот на ДИК не треба да се условува со други закони или пакети

Изборот на новиот состав на ДИК не треба да зависи од никакви други пакети и други закони, бидејќи ненавреметото формирање на Комисијата може да предизвика проблеми во организирањето на референдумо, предупреди денеска министерката за правда, Рената Дескоска.

„Јас не сум дел од преговарачкиот процес и не можам да тврдам реално што е условот на опозицијата, но изборот на ДИК не смее да биде ставан во пакет со никакви амнестии, со никакви услови за технички, пржински или какви било влади, бидејќи нам ни требаат институции кои функционираа,т особено во најава на престојниот референдум“, рече Дескоска пред почетокот на денешната тркалезна маса на тема „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија“. 

Според неа, секое доцнење со формирање на Комисијата може да значи и недоволна подготвеност новоизбраните членови да ги спроведат сите активности што се неопходни.

 

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе