Во Емисијата „Отворено“

Дескоска: На вистински пат сме за решавање на законот за СЈО

Министерката за правда Рената Дескоска смета дека е добро што ЕУ нотира дека има волја, спремен е закон, но се уште не е донесен и оти сме на вистинскиот пат кон решавањето на прашањето за СЈО.

Законот е двотретински, не е закон кој се носи само со владејачкото мнозинство, туку потребни се гласови пошироко во Парламентот. Ние успеавме во изминатиот период за многу други закони да го обезбедиме тоа двотретинско мнозинство и тоа на начин на кој буквално значеше имплементација на сите препораки од ЕК и од Венецијанската комисија. И не отстапивме. Не ни беше лесно кога го сменивме Законот за судови, не ни беше лесно кога го носевме Законот за судски совет, изјави Дескоска вечерва во емисијата „Отворено" на Телевизија 24.

Според неа, најголемиот предизвик е носењето на Законот за Јавно обвинителство имајќи предвид кои се личните интереси на, како што рече, многу актери кои треба да го гласаат или да го поддржат и тоа се виде во целиот преговарачки процес. Изрази благодарност за поддршката што ја добиле од премиерот и од Владата.

Соопшти дека не отстапуваат од одредни клучни прашања и додаде оти во рамки на работната група разговарат за законски решенија, како иднината на СЈО, критериумите, судбината на постапките што се почнати, дали треба да му се даде иднина на СЈО...

Премиерот Зоран Заев, пак, потсети на неговата последна изјава во јавноста за СЈО и за Катица Јанева.

– Законот треба да го донесеме затоа што и треба на државата. Законот е сериозно охрабрување и институционална поставеност на севкупниот јавно-обвинителски систем во Република Северна Македонија и ако го донесеме час поскоро ќе почне негова имплементација, рече Заев.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе