За законот за поништување на лустрацијата

Дескоска ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара дополнителни основи за опструкција

Откако на денешната собраниска Комисија за политички систем пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа Законот за поништување на лустрацијата да го образложи лично министерката за правда Рената Дескоска таа ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара дополнителни основи за опструкција.

„Деловничките обврски се исполнети и Комисијата треба да продолжи со работа, а ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара дополнителни основи за опструкција“, изјавила Дескоска за МИА.

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски го одложи почетокот на седницата на која на дневен ред е Законот за поништување на лустрацијата на барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложениот текст пред нив да го образложи министерката за правда Рената Дескоска.

Кирацоски даде пауза од 30 минути, за, како што рече, да ја контактира министерката иако на седницата беше присутен заменик министерот за правда Оливер Ристовски.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара министерката за правда да дојде на седницата и да го образложи Законот со кој што се овозможува поништување на лустрацијата и давање можност за нивно обештетување.

Според Милошоски, со овој закон на кодошите кои напредувале во кариерата врз таа основа им се овозможува дури и обештетување. Тој ја отвори дилемата дали во државата е поважно да се поништи лустрацијата на кодошите или да се донесе системски закон за жртвите на државните кодоши.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе