Предложи автентично толкување

Дескоска ги повика пратениците да го спречат активирањето на пoмилувањата на Иванов

Министерката за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување за да се спречат секојдневните обиди од различен тип за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивост за сериозни кривични дела.

„Секојдневно сме сведоци на обиди за избегнување на правдата. Тие обиди се движат од постојано одложување на судења до иницирање постапки пред Уставен суд за укинување членови од Кривичниот законик, а сега за Законот за помилување. Целта е постигнување неказнивост за делата кои беа предмет на СЈО, а сега се префрлени во Јавното обвинителство. Со отворање на вчерашната постапка на Уставниот суд за оценка на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали“, рече денеска Дескоска.

Таа, како што изјави, не сака да прејудицира, ниту да влијае на каква било одлука на Уставниот суд.

Таа го повикува Собранието да ги искористи механизмите кои ги има и со свое автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување да го потврди тоа што го тврди стручната јавност, а тоа, како што наведе, е дека членот 11 на кој Иванов ги засноваше своите масовни помилувања, не постоеше, односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, не го оживеа стариот член 11 од законот.

„Во рацете на Собранието е еднаш за секогаш да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања на Иванов. Министерството за правда ќе поднесе иницијатива до Владата да побара автентично толкување од Собранието, но тоа секако уште денес можат да го сторат и пратениците кои покрај барање за автентично толкување може да бараат и итна седница на Собранието за ова прашање. На ова прашање ќе се види кој е за правда и казни за оние кои се огрешиле од законот, а кој е за амнестија и помилување. На ова прашање ќе се види кој го разбира концептот на нулта корупција како концепт на казнивост на корупцијата, а кој како концепт на помилување на корупцијата. Пред пратениците од сите пратенички групи е како ќе се постават во овој случај – како поддржувачи и застапници на правдата или како слуги на криминалот“, изјави Дескоска.

Одговарајќи на новинарски прашања, таа кажа дека има доволно време да се донесе автентично толкување во Собранието ако има политичка волја кај пратенциите. Очекува поддршка од сите партии во Собранието и да ја потврдат на дело повеќепати повторуваната реторика за правда и правна држава.

Истовремено, како што кажа, од Уставниот суд очекува се држи до Уставот и законите, и да ја испочитува постапката и роковите за носење на одлуката.

Дескоска смета и дека оваа иницијатива не треба да влијае на одржувањето на предвремните парламентарни избори во април догодина.

 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе