Десетти ден протести против францускиот предлог

Вечерва пред владината зграда под мотото „Ултиматум, не благодарам" почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.

Протестниот марш ќе биде од Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

Протестите се одржуваа секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп, а не се одржа и во саботата поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Утре протестот ќе се одржи во 12 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе