Според БГНЕС

Десетици илјади туѓинци (од Македонија) „живеат“ на иста адреса во Бугарија

Илјада страници од избирачки список со 45.752 имиња содржи „Леге“ број 6, најмногу населената адреса во сoфиската област Средец во Бугарија, јави репортер на агенцијата БГНЕС. Градоначалникот на областа Трајчо Трајков ја потврдил информацијата. На таа адреса всушност е сместена администрацијата на областа, тука работи и Трајков, а на „тугинците'“, луѓе од Македонија, им се издава лична карта како на жители на ова место во Бугарија.

Откритието е за медиумите, не и за градоначалникот Трајков, кој вели дека на лицата кои имаат добиено бугарско државјанство, а живеат во странство, им се дава како место на живеење токму таа адреса. Тие се и на избирчакиот список за парламентарните избори  во Бугарија.

„Според законот, тие што се стекнале со бугарско државјанство и живеат во странство, добиваат постојана адреса  во зградата на окружната администрација", вели Трајков и додава дека често ги гледа овие луѓе кога доаѓаат за некоја административна работа. 

Според него,веројатно гласачките ливчиња наменети за нив нема да бидат искористени, како што се случувало и со минатите изборни циклуси.

Според последните податоци, веќе станува збор за над 82 илјади луѓе.

БГНЕС заклучува дека поголемиот број од луѓето на списокот потекнуваат од Македонија, а државјанството го добиле „врз основа на докажано бугарско потекло“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе