Дерковски: Изборниот список во ред, ДИК е спремна и за избори и со отворени листи

Државната изборна комисија е подготвена да спроведе парламентарни избори по кој било модел за кој би бил постигнат договор меѓу политичките партии, вклучувајќи и модел со отворени изборни листи, изјави денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Според Дерковски, ДИК како институција е подготвена, функционира континуирано и подготвени се да го спроведат она што ќе го договорат политичките партии.

Во врска со тоа кој изборен модел, според него, би бил најдобар, Дерковски вели дека неговото мислење во суштина и не е релевантно, бидејќи тоа е договор на политичките партии.

Тој уште додаде дека Избирачкиот список е во ред и оти во него нема т.н. фантомски гласачи.

„Тоа е материја што постојано и континуирано се чисти, прочистува и обработува. Како што ги добиваме податоците од МВР на квартално ниво, така ги обработуваме. Се разбира дека во список во кој има над 1,8 милиони избирачи ќе може да се најде некоја недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка. Ние постојано работиме и во овој момент кога е празен период и нема избори работиме на прочистување на Избирачкиот список”, рече Дерковски, одговарајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост.

Во врска со гласањето на дијаспората, претседателот на ДИК, вели дека како Комисија би сакале да има промени, но во рамки на овозможување нови начини за гласање, за, како што вели, да се заштедат финансиски средства.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе