Пред референдумот

Дерковски: ДИК од утре со кампања „Твој став, твое право“

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски денеска оцени дека организацијата за спроведување на референдумот на 30 септември се одвиваа без проблеми и дека Комисијата се држи до зададените рокови.

„Околу она што е надлежност на ДИК, а тоа е организација и спроведување на референдумот, можам да кажам дека ние ги преземаме сите мерки за добра организација, се држиме за роковите кои си ги зададовме како Комисија и досега немаме никакви проблеми од тој аспект“, рече Дерковски по денешната седница на Комисијата.

Тој смета дека доколку членовите на Комисијата продолжат да работат на овој начин нема да имаат организациски и проблеми за спроведување на референдумот на самиот ден на гласање.

Дерковски додаде дека овој состав на ДИК драстично ги намалил трошоците за организирање на гласачкиот процес и кампањата.

Согласно Законот, ДИК во соработка со НДИ утре ќе ја започне јавната информативно-едукативна кампања под мотото „Твој став, твое право“ која ќе содржи повеќе видео спотови што ќе бидат емитувани во медиумите.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе