Предвремени парламентарни избори

Деркоски уверува дека ДИК направи максимални напори за безбедни и транспаретни избори

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот на тридневното гласање за предвремените парламентарни избори на 15 јули за МИА оценува дека Комисијата направила максимални напори да се организираат безбедни и транспаретни избори.

Тој очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено, а граѓаните да покажат високо ниво на политичка свест и култура и ги повика да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

„Би сакал да ги повикам граѓаните да излезат и да гласаат и притоа да бидат сигурни дека на избирачките места се сосема сигурни и здравствено заштитени затоа што ние ги дезинфициравме сите гласачки места, обезбедивме доволни количини заштитни средства за сите членови на изборната администрација но и за секој граѓанин кој евентуално нема заштитна маска, доволно дезинфициенси, ракавици и доволно пространи избирачки места“, вели Деркоски.

 О однос на тоа кога би можеле да се знаат првичните резултати од гласањето на 15 јули, како и одѕивот на гласачите, претседателот на ДИК објаснува дека оваа година со примена на нова апликација, претседателите и замениците на избирачките одбори ќе имаат обврска да доставуваат податоци за излезноста по истекот на секои два часа во текот на денот, а по затворањето на гласачките места и по утврдувањето на резултатот со помош на истата апликација ќе се овозможи брз трансфер на резултатите со што ДИК ќе може да излезе со првични не официјални резултати многу брзо.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе