Предвремени парламентарни избори

Деркоски од Битола ги повика граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје

Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата, порача претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски.

Деркоски, како што објави МИА, утрово лично вршеше увид на дистрибуцијата на доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните избори, а е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола.

„Материјалот ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, а тие пак во текот на утрешниот ден материјалот ќе го достават до избирачките одбори. Процесот се одвива непречено и со одлична организација, а тоа значи дека сѐ ќе заврши во предвидениот рок. Подготовките на ДИК за целиот изборен процес се одвиваат непречено, посебно сме посветени во делот врзан со заштитата на здравјето на граѓаните и ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал маски, за да и оние граѓани кои не можат да купат или не носат заштитна маска од кои било причини, сепак да добијат заштитна маска, да гласаат и да го остварат своето право на глас“, рече Деркоски.

Тој додаде дека има мали проблеми поврзани со барањето за изземање на здравствени работници и нивно откажување за учество на гласањето што ќе се спроведе во понеделник, но тие проблеми, како што рече, се надминуваат и сѐ ќе се одвива според роковникот и уредбата со законска сила.

Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола изработени се 1.814.263 гласачки ливчиња со висок квалитет и со 20 форми на заштита без никаква можност за фалсификат, потврди директорот на печатницата во овој град Драги Милошевски и рече дека гарантираат за високата заштита на избирачкиот материјал.

На претстојните предвремени парламентарни избори процесот на гласање ќе биде организиран на 3.390 избирачки места.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе