Во рамки на посета на земјите од Западен Балкан

Дер Лајен во Скопје ќе разговара за проблемот меѓу Македонија и Бугарија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен идната недела ќе ги посети сите шест земји од регионот на Западен Балкан, меѓу кои и Скопје, каде една од темите ќе биде прашањето за евроинтеграцијата во контекст на бугарското вето. Дека за прашањето на бугарско - македонскиот спор во Скопје ќе разговара дер Лајен, потврди денеска портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер. Посетата на шефицата на ЕК ќе се случи на само една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Словенија.

Портпаролот не изнесе детали во врска со планот на претседателката на Комисијата поврзана со посетата на Скопје, односно на главните градови на земјите од Западен Балкан, само рече дека „прашањата ќе бидат одговорени на прес конференциите кои ќе се одржат во регионот“.

„Претседателката ќе патува во земјите од  Западен Балкан за да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот. Тоа се земји партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде можност да се разговара за овие односи вклучително и тоа билатерално прашање“, рече Ерик Мамер, зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето" туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе