Денот на независноста ќе се слави на отворено и со мерки за заштита

Владата задутре од 10 часот на отворено ќе ја организира централната прослава по повод 29 години од прогласувањето на независноста и самостојноста на државата, на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Свеченоста ќе се одржи во посебни услови, согласно со здравствениот протокол на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание.

Пред централната прослава по повод 8 Септември – Ден на независноста, владина делегација во 8 часот ќе положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробиштата „Бутел“.

Делегацијата ќе ја предводи премиерот Заев и во неа ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за борба со корупција и криминал Љупчо Николовски и министерките за образование и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе