Денеска во Тирана самит Западен Балкан – ЕУ

Во главниот град на Албанија, Тирана денеска се одржува самитот Западен Балкан – ЕУ на кој ќе се разговата за миграцијата, како и за соработката и последиците од руската војна врз Украина. Од македонска страна на самитот ќе учествуваат премиерот Димитар Ковачевски и министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

Според податоци на Агенцијата за заштита на границите на ЕУ (ФРОНТЕКС) во првите 10 месеци од годината регистрирани се повеќе од 120.000 нелегални гранични премини долж т.н. мигрантска западнобалканска рута.

Европска комисија вчера побара засилување на граничните проверки во регионот, депортирање и воведување на визи за државјаните кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ.

На Самитот во Тирана ќе се разговара и за последиците од војната во Украина, вклучително и санкциите на ЕУ кон Русија и интеграцијата на регионот во внатрешниот пазар на ЕУ, на пример, со намалување на таксите за роаминг на мобилни телефони.

Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора имаат аспирации за влез во ЕУ. Пристапните преговори со Македонија и Албанија официјално почнаа во јули, откако првпат аплицираа во 2004 односно во 2009 година, а Босна и Херцеговина во 2016 година.

Земјите-лкенки на ЕУ неодамна го поддржаа безвизниот режим за Косово од 2024 година, и се чека одлуката да биде одобрена од Европскиот парламент.

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од Западен Балкан денеска ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан - Европска Унија во Тирана, Република Албанија.

 

Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а најавено е присуство на највисоки претставници од ЕУ. На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да усвојат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедуваат подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан. Исто така е предвидено да се потпише договор за намалување на цените на роаминг тарифите помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ.

Премиерот Ковачевски на самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедување на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.
Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе