27 Јануари

Денеска во МНТ свечена Светосавска академија

Српската заедница во земјава со свечена Светосавска академија вечер во Македонскиот народен театар ќе го одбележи 27 Јануари, Националниот празник на Србите – Денот на српскиот просветител Свети Сава.

„Свети Сава е симбол нашето творештво низ векови, наш корен на животот, нашето чувство за време, историју и судбината на нашиот народ“, изјави по овој повод Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија.

 На настанот најавено е обраќање на премиерот Оливер Спасовски, како и на делегациии од Србија и Република Српска, а ќе се одржи и богата културно-уметничка програма.

Денеска членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик ќе престојува во Скопје, ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а потоа ќе присуствува на Светосавската академија каде ќе му биде доделена Светосавска повелба за „значаен придонес во афирмацијата на српското национално прашање во регионот и за значаен придонес за заштита на Србите и српската култура и традиција во северна Македонија”.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе