Денеска Владата ќе заседава за евроинтеграциите и за реализацијата на приоритетите за влез во НАТО

Состојбата и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и примената на фондовите на ЕУ и статусот на реализација на приоритетите за влез во НАТО ќе бидат дел од точките на дневниот ред на денешната седница на Владата на Република Македонија закажана за попладне.

На седницата ќе се расправа и за предлог - законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи, информациите за модели за подобрување на функционирањето на проектот „Отворање на народни кујни“, како и за текот на активностите поврзани со книгите од проектот за превод и печатење на 50 универзитетски учебници кои се употребуваат на првите 10 рангирани универзитети согласно Шангајската листа за 2015 година. 

Министрите денеска ќе ја разгледаат и информацијата во врска со потребата од склучување на анекс кон Договорот за доделување на државна помош склучен со Владата на Република Македонија и компанијата корисник на ТИРЗ Штип „Џонсон Контролс ДООЕЛ Штип“.

На седницата, според владината служба за информирање, министрите ќе ја разгледаат и информацијата за изменување и дополнување на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Комисија за финансирање во однос на повеќегодишната Оперативна програма „Регионален развој“. 

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе