Собрание

Денеска треба да се одземе пратеничкиот мандат на Груевски, по што следува и оставката на Богоевски

Мандатот на пратеникот Никола Груевски денеска е повторно на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Павле Богоевски, претседателот на оваа комисија, нема да ја води седницата затоа што е во оставка и истата должност ќе ја преземе заменичката Снежана Калеска - Ванчева.

Собранието и лани во ноември се обиде да му го одземе мандатот на Груевски, тогаш поради недостојност за вршење на пратеничката функција откако беше осуден на две години затвор во случајот „Тенк“, но немаше двотретинско мнозинство. Денеска по шестмесечно отсуство од работата на Собранието, бегство во Унгарија, на Груевски по закон му следува одземање на мандатот. Но, повторно е потребно двотретинско мнозинство, односно за тоа треба да гласаат 80 пратеници.

Вчера ИК на ВМРО-ДПМНЕ им препорача на нивните пратеници да гласаат според Уставот и законите, што значи дека може да се очекува пратеничкиот мандат на Груевски да биде одземен.

По скандалот со аудио снимката од која се слуша како пратеникот Павле Богоевски наводно нарачува пола (грам кокаин или масло од канабис), тој после една недела изјави дека ќе поднесе оставка откако ќе му биде одземен мандатот на Груевски.

Опозицијата сакаше во дневниот ред на собраниската комисија да ја внесе како точка и одговорноста на Богоевски за нарушување на етичкиот кодекс, но истата беше прекината откако тој ја најави својата оставка по гласањето.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе