Македонија-Грција

Денеска средба Заев-Ципрас, доаѓа голема грчка стопанска делегација, ќе се потпишат 6 договори, посебен сообраќаен режим во Скопје

Повеќе од 120 грчки претприемачи денеска ќе му се приклучат на грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата значајна посета на Скопје и средбата со шефот на македонската влада Зоран Заев.

„Нашата цел беше 70 или 80 претприемачи, но на наше големо изненадување, бројот надмина 120", рече Јоргос Стерјулис, претседател на Ентерпрајз Грција, националната канцеларија за надворешна економија.

Од околу 300 претприемачи кои во моментов инвестираат во Македонија, една третина од нив денеска ќе биде во бизнис делегацијата што ќе го  придружува премиерот Ципрас во обид да го прошират своето бизнис-присуство во Македонија.

Деловната делегација на грчкиот премиер ги претставува „сите сектори", рече Стерјиулис, наведувајќи дека има инвеститори од енергетиката, производите за широка потрошувачка, туризам, висока технологија, земјоделските производи и пластика.

Околу половина од делегацијата се од северниот грчки регион Македонија, рече шефот на Ентерпрајз Грција, истакнувајќи дека и текстилот и производителите на алуминиум се меѓу застапените компании.

Пошироката економска и политичка клима ќе има улога во зајакнувањето на билатералната соработка, додаде тој, велејќи дека Ципрас и Заев се очекува да разговараат за прашања како што се двојното оданочување и можни даночни олеснувања за бизнисите.

„Големи компании со милијарди годишни приходи доаѓаат", изјави Заев за Франс прес пред состанокот, а ги спомена гигантите Мотор Оил и Митилинеос кои ќе се приклучат во форумот.

„Грчките компании веќе ветија дека ќе инвестираат повеќе од 500 милиони евра во енергетскиот сектор на Северна Македонија, плус други инвестиции во градежништвото и земјоделство. Република Северна Македонија ќе има огромни економски придобивки од договорот за кој верувам дека ќе се види во секоја област на економијата", рече Заев.

Според соопштението од Атина, со премиерот Ципрас доаѓаат заменичката премиерка за Македонија-Тракија, Елефтерија Хаџигеоргиу, министерот за економија, Јани Драгасакис, минстерот за одбрана, Евенгелос Апостолакис, за екологија, Џорџ Статакис, за рурален развој, Ставрос Араховитис, за транспорт, Христос Спирицис, за здравство, Андреас Џантос и заменикот министер за надворешни работи, Маркос Боларис.

Предвидени се билатерални средби, меѓувладина седница и заедничка прес-конференција. Делегацијата на Грција претходно ќе биде пречекана на скопскиот аеродром. Треба да се потпишат шест договори, од кои акциски план за интензивирање на соработката, договор за соработка во одбраната, меморандум за соработка во евро-интеграциите, меморандум за разбирање на македонското министерство за транспорт и врски и соодветниот ресор од Грција, како и развој на патната и железничка инфраструктура, и последно - спогодба за нов граничен премин.

Од 9,30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на град Скопје. Министерството за внатрешни работи во попладневното соопштение апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките од полициските службеници и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Целодневен пренос во живо ќе врши EBU со помош на двете национални телевизии ЕРА и МРТВ.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе