Брисел

Денеска средба на Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

Претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на дводневната работна посета во Брисел, денеска ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Како што е најавено од кабинетот на Пендаровски, почетокот на средбата е предвиден во 12:45 часот, по што во 13:15 часот ќе следи заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и генералниот секретар Столтенберг.

Пендаровски вчера во рамки на посетата на Брисел, оствари средби со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук.

На овие средби, Пендаровски порача дека земјава е подготвена веднаш да седне на преговарачка маса со Бугарија за да се надмине билатералниот спор и да се отвори патот кон ЕУ.

„Да разговараме за сите отворени прашања, се разбира, со оние огради или т.н. црвени линии кои сме ги истакнувале и за кои не очекуваме воопшто дека ќе бидат повторно на преговарачка маса“, истакна Пендаровски во Брисел. 


Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе