Виена

Денеска средба меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц, на маса е нацрт-договорот предложен од грчка страна

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска во Виена ќе има средба со својот грчки колега Никос Коѕијас и со посредникот за името на ОН Метју Нимиц. Вчера Димитров имаше средба со Коѕијас. Тема на разговорите е нацрт-договор за конечно решение за името.

Оваа денешна и вчерашната средба се оценети како почеток на сериозните преговори меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН за проблемот што нашиот јужен сосед го има со нашето уставно име. Од македонската Влада велат дека досега се воделе разговори, размена на информации, а овие средби на ниво на министри за надворешни работи значат всушност почеток на преговорите. Еден вид фотофиниш. Очекувањата се дека овие преговори ќе траат и во текот на март.

Од вчерашната средба на шефовите на дипломатиите во Виена сѐ уште нема никаква официјална информација. Според претходните договори, вчера и денес најверојатно се разговара за нацрт-договорот предложен од грчка страна.

Шефот на грчката дипломатија минатиот месец изјави дека се подготовува нацрт-договор од четири точки кој, доколку биде прифатен, ќе претставува основа за решавање на спорот.

Пред оваа средба во Виена, двете страни ги најавија своите ставови. Премиерот Зоран Заев рече дека Владата е подготвена за име со географска одредница без промена на Уставот, а грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера го повтори ставот дека рамката што го гарантира затворањето на проблемот е сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба за кое треба промена на македонскиот Устав и повлекување на сите сомнежи за иредентистички ставови.

Преговорите меѓу Македонија и Грција беа обновени лани на 12 декември минатата година во Брисел, кога со медиајторот Нимиц се сретнаа преговарачите Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. На последната рунда разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија. Минатиот месец Нмиц ги посети Атина, а потоа и Скопје, каде имаше одвоени средби со грчкиот и македонскиот државно-политички врв.

На 24 јануари во Давос премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ја имаа правата средба, а на која главна тема беше решение за името. 

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе