Со потписи на опозициските пратеници

Денеска собраниска седница на која ќе се гласа за доверба на Владата

 Денеска во 11 часот во македонското Собрание ќе почне седницата на која треба да се гласа за доверба на Владата. Пратениците од опозицијата, членови на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица, тврдат дека имаат ново собраниско мнозинство. Според собранискиот Деловник, седницата треба да заврши до полноќ.

По вчерашното објавување на Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, дека сите негови пратеници денеска ќе гласаат за недоверба на Владата, синоќа претставниците на коалициските партнери на СДСМ повторно имаа координативна средба со Заев пред денешната собраниска седница. По синоќешната средба, Али Ахмети, лидерот на ДУИ изјави дека е оптимист и дека владата нема да падне. Мнозинството е кај прогресивните сили, изјави Ахмети.

Вчера претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, изјави дека на средбата присуствувале и претставници на движењето Беса, до вчера коалициски партнер во власта. Но, од партијата на Биљал Касами тоа веднаш го демантираа и изјавија дека денеска и нивните пратеници ќе гласаат за паѓање на владата на СДСМ и ДУИ.

По сите перипетии околу тоа дали опозицијата има 61, денеска ќе се гласа за доверба на Владата. Ако 61 пратеник денеска кренат рака за недоверба на Владата на Зоран Заев, тогаш неговиот кабинет треба да даде оставка во рок од 24 часа. Потоа во рок од 10 дена претседателот на државата Стево Пендаровски треба да го даде мандатот за составување нова влада на партијата или партиите кои ќе потврдат дека имаат најмалку 61 пратеник во Собранието. Актуелната Влада останува во функција до избор на новиот кабинет.

Ако денеска опозицијата не успее да обезбеди 61 глас, тогаш правото за ново гласање за доверба на Владата ќе може повторно да го искористи после 90 дена, освен ако на иницијативата не се потпишат најмалку 61 пратеник.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе