Собрание

Денеска продолжува седницата на собраниската Комисија за уставни прашања, пленарна седница в понеделник

За денеска е закажано продолжението на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања на кои почна расправата за предлогот за пристапување кон измена на Уставот. За в понеделник претседателот на Собранието закажа пленарна седница на која ќе се гласа за потребата од промени во Уставот. За ова ќе биде потребно 2/3 мнозинство.

Работата ќе ја биде, само прашањето е дали брзо ќе биде, дали ќе дозволиме Македонија повеќе да не губи денови, месеци, години како што изгубила во минатото, изјави вчера премиерот Зоран Заев на доделувањето на државната награда „11 Октомври“ во Собранието.

„Немаме план Б, го нема до ден денеска, нема алтернатива. Сите сме должни да се исправиме пред одговорот што ако ова пропадне, должни сме пред нашите граѓани. Ајде да ги оставиме настрана сите наши политички партии и да ја ставиме на прво место Македонија, да донесеме одлуки онака како што вреди и сме одговорни пред граѓаните“, рече Заев.

На завчерашното прво заседание на Комисијата за уставни прашања премиерот повика на консензус за измените на Уставот. Пратениците на опозицијата беа против и велеа дека немаат мандат од народот за да ги поддржат уставните измени. Пратеникот Илија Димовски на премиерот Зоран Заев му порача дека без печат на двете најголеми партии кај Македонците, Договорот од Преспа не е одржлив и не може да живее и дека алтернативата за излез од кризата е заедништво, единство и консензус.

Според него одлуката СДСМ сама да влезе во овој процес е одлука која што го погреба овој процес преку неколу елементи.

„Одлуката да пристапи без учество на ниту еден претставник од опозицијата, да се потпише договорот пред да ѝ се покаже на опозицијата и одлуката на СДСМ без ВМРО-ДПМНЕ да распише референдум. Вие и Мицкоски треба да застанете позади единствено решение. Ова прашање и на вас и на нас пратениците ќе ни виси над главата цел живот“,  му рече Димовски на Заев.

На ова Заев одговори дека ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се навистина за заедништво, консензус и единство, тогаш верува дека се блиску до решение.

Артан Груби од ДУИ рече дека сега сите пратеници имаат шанса да покажат деканавистина се за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Бидете тие кои на крај ќе го заокружат тоа патешествие што го започнале тие од ВМРО во Отоманска Македонија и тие во Јужна Бановина и тие во Социјалистичка Македонија и тие во  поранешна југословенска  Република Македонија и тие во Република Македонија и тие утре во Република Северна Македонија. Ставете го вие печатот, вие бидете тие што ќе го заокружите тоа што не успеаја другите пред речиси 150 години “, рече Груби.

„Во овој случај стравот е изолацијата, а храброста е интеграцијата. Е толку едноставно и толку е црно-бело. Затоа, денес и деновите пред нас се денови за храбите жени и мажи пратеници“, додаде Груби.

Трајко Вељаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието му порача на премиерот Заев дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени и дека менувањето на Уставот е спротивно на мнозинската волја на народот.

По предлогот за пристапување кон измена на Уставот во комисијата, согласно член 196 од Деловникот, седницата може да трае најмногу десет работни дена. Член на Комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе