Собрание

Денеска пратениците имаат шанса да кренат рака против увозот на отпад во Македонија

Како 19 точка од дневниот ред на денешната пленарна седница на Собранието е предлог на закон за изменување на Законот за управување со отпад, по скратена постапка. Подносителите на овие измени, пратеничките на ДОМ Маја Морачанин и Лилјана Поповска бараат забрана за увоз на отпад како извор на енергија, отпад кој согорува.

О2 иницијативата сооошти дека денеска еколошките организации ќе ги видат партиите на дело, кој за што се залага. „Господине Талат Џафери се надеваме дека точката на дневен ред под број 19 нема да биде оставена за крај, заедно со информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“, се вели во објавата на О2 иницијативата.

Тие потсетуваат дека во Бугарија обвинителството отвори истрага за увезен отпад од Италија затоа што се разликувал од декларацијата во царинската документација.

„Бројчињата едно велат, но внатре друго имало. Како рече Јани Макрадули, сме требале да имаме доверба, да веруваме дека сè е во ред ако документацијата.

Управител на фирмата во Бугарија – ‘Блацион’, која го увезла отпадот е Блаже Игњатовски, кој е инаку дел од содружниците на Дрисла. Покрај двајца Италијани, содружник во ‘Блацион’ е и Горан Ангелов, кој е инаку извршен директор на Дрисла. Тој за Фокус изјавил дека е ‘мал’ содружник, имал 15% во бугарската фирма создадена од Македонци и Италијанци. Иста шема ко Дрисла, македонско-италијанско партнерство на тема отпад.

Двајцата, Блаже Игњатовски и Горан Ангелов, во 2014, од своите профити му подарија џип на владиката Иларион...

Додека кај нас официјалните институции и претставници не гледаат никаков проблем кога е во прашање трговијата со отпад, а притоа државата нема ни кадри, ни опрема, ни акредитирана лабораторија, ниту пак доволно обучени и некорумпирани инспектори за да го потврди тоа што го тврди, земјите од регионов делуваат на проблемот, отвараат истраги.

Дирекцијата за истрага против мафијата (DIA) во Италија води голема истрага за трговијата со отпад, координирана од националниот обвинител за борба против мафијата и тероризмот. Причина е склучениот пакт помеѓу трите мафии Камора, Ндрангета и Коза Ностра за контрола на депониите на Балканот и извезување на комуналниот и индустриски отпад од Италија и други земји во нашиот регион. Од овие причини италијанскиот обвинител за борба против мафијата редовно ја посетува нашата земја и другите од регионот кои се таргет на италијанската мафија.

Кај нас нема ни признание дека имаме проблем, камоли нешто да се направи на темата. Се брани увозот на отпад, а при тоа имаме институционален колапс на сите страни…

Италија, Бугарија, Романија, Албанија сметаат дека има голем проблем со трговијата на отпад, само кај нас официјални претставници нè убедуваат да сме имале доверба, не се утврдуваат прекршоци, сè е како треба, само треба да им веруваме, да поработиме на довербата, тука ни е проблемот. Вакви претставници во секоја нормална држава немаше да бидат на функција оддамна, ама кај нас таквите од една на друга одат“, се вели во објавата на О2 иницијативата.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе