Основен суд Скопје 1

Денеска почнува судењето за „Триста“

Денеска ќе се одржи првото судско рочиште за предметот „Триста" на Специјалното јавно обвинителство. Судијка за овој предмет е Лидија Петровска, која веќе постапува во два предмети на СЈО, „Тврдина 2" и „Транспортер".

„Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите (СЈО), означен како „Триста", кој беше одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет, согласно АКМИС, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијата Лидија Петровска од Одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја закажа за 15 ноември 2017 година, во 10.30 часот, за кога се испратени покани за странките во постапката", соопшти во почетокот на октомври Основниот суд Скопје 1.

Случајот „Триста" се однесува на набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра, а за што е обвинет Ѓоко Поповски, помошник-министер во Министерството за внатрешни работи. Поповски, според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази и за овој случај на СЈО. Претходно е одлучено снимките од прислушуваните разговори да бидат доказ и за случаите „Тендери“, Насилство во Центар, „Топлик“, и „ТНТ“.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе