Денеска нов обид за прифаќање на уставните измени во Собранието

Уставните измени во третата и финална фаза денеска повторно ќе се најдат пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека сѐ уште се во преговари со партијата Беса на Билал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората, но засега нема официјални информации за текот на преговорите.

„Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме”, изјави Заев.

Паралелно со подготовките за уставните измени во Собранието, надвор пред парламентарната зграда се одржа граѓански протест против промена на името, во организација на „Македонија блокира“ и партијата „Единствена Македонија“. На протестот се приклучи и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање порача дека „на отворена сцена се одвива ова пазарење со името и идентитетот“ и дека „тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат сѐ за договорот да не се случи“.

Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менувањето на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови.

МИА

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе